Зајакнати контроли за да се спречат опожарувања на депонијата Доброшинци кај Струмица!

јули 9, 2021

Државниот инспекторат за животна средина на 7-ми јули спроведе вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување на отпадот од Струмица. Депонијата во моментот на надзорот не беше опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори.

Областа зафатена со депонирање има површина од 12 хектари и истата е оградена. Има можност за неовластен пристап, што повремено се злоупотребува за потпалување на депонијата. Заради високите температури се јавува и самозапалување. На теренот има механизација што врши прекривање со земја, а се доведува и вода за гасење од системот во состав на Водостопанство АД, што минува покрај депонијата.

Јавното претпријатие се задолжи да ги зајакне контролите, редовно да проверува евентуални оштетувања на оградата и да врши почесто прекривање на отпадот со земја, а со тоа да обезбеди и уште еден багер со кој прекривањето со земја ќе се врши на поголема површина – со цел спречување на нови опожарувања.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ