За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.
Температурите ќе се движат од 9 до 27 степени целзиусови.