strumica denes logo

ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА: Со новиот закон, пензионерите ќе може да примаат и плата и пензија, а право на работа имаат и лицата под 18 години!

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

За првпат во историјата на Македонија е донесен Закон за вработување на лица, кој им овозможува на поширок круг граѓани да влезат на пазарот на трудот без да ги изгубат своите постојни права.

Ваков закон бил барање и од работниците и од работодавачите уште од почетокот на независноста.

Со новиот закон, право на работа имаат невработените, вработените, самовработените, студентите, лицата под 18 години (доколку ги исполнуваат условите за работа), пензионерите, со исклучок на оние кои примаат семејна пензија поради инвалидитет, како и странците со регулиран престој.

Се нагласува дека вработените нема да ги изгубат правата што веќе ги имаат, што значи дека пензионерите ќе можат да работат и да ја задржат својата пензија, додека студентите ќе можат да стекнат искуство и дополнителни приходи.

-Од него сите ќе имаат полза и државата која ќе го полни буџетот, работодавачите кои ќе можат да најдат вработени и граѓаните кои ќе имаат можност да работат и да бидат платени и да се ангажираат во делот што го сакаат. Предност ќе имаат угостителство, земјоделството и услужната дејност кои имаат недостаток на вработени, а доколку ги прошириме дејностите може да се направи дисбаланс на пазарот на трудот. Ќе можат да работат студенти, пензионери, социјално загрозени лица ,.., со што согласно закон не им се прекинува правото кое го имаат на пензија, на социјална помош, на студирање, а ќе може да бидат ангажирани и средношколци – беше нагласено на собраниската седница

Државата, ќе им ги плати давачките, пензиско и здравствено осигурување. На овој начин нови 30 илјади вработени ќе бидат ставени во системот.