ЗА ПОЧИТ: Македонци од Пиринска Македонија допатуваа од Петрич за да му оддадат почит на Гоце Делчев во Струмица

февруари 4, 2019

Денеска во Струмица беше одбележана 147 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, легендарниот предводник на македонското револуционерно движење против османлиското ропство, поради што се положуваше цвеќе од истакнати личности од градот, но и надвор од државата. Имено, меѓу присутните на денешната манифестација, беше и група на Македонци од Пиринска Македонија, членови на политичката организација на Македонците во Бугарија – ОМО „Илинден“- Пирин.

Допатувале организирано од Петрич само за да му оддадат почит на Делчев и да положат цвеќе пред неговиот споменик во Струмица. Пристигнаа меѓу првите и со нетрпение го очекуваа почетокот на свеченоста. Присутните беа изненадени и од нивниот совршен македонски јазик, кој не прифатил ниту едно граматичко правило на бугарскиот јазик, и покрај долгогодишното живеење и работење на територијата на нашиот источен сосед. „Вака се сака државата!“ – беше еден од многуте пофални коментари.

Оваа организација на горди Македонци успешно ги промовира своите цели и преку нивната фејсбук страна, каде постојано упатува на сплотеност и поврзаност на Македонците, во кој дел од светот и да се.

ПИШУВА: ЈАНЕ КИРОВ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ