ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ: Православните верници ја прославуваат една од најголеми слави Св.Никола!

декември 19, 2022

Православните верници денеска го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства.

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола.

Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ