strumica denes logo

Вучиќ: Следат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме!

Автор:

Датум:

март 27, 2024

Автор:

Датум:

март 27, 2024

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“.

Вучиќ најави дека во наредните денови ќе ги запознае граѓаните со сите предизвици што му претстојат.

„На Србија ѝ претстојат тешки денови. Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа. Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Српска“, објави тој на неговиот Инстаграм профил.

„Ќе биде тешко, најтешко досега. Ќе се бориме. Србија ќе победи“, додаде тој, пренесува медиумот.