Второ учество на ученици од СОУ „Јане Сандански“ на Иранската геометриска олимпијада

ноември 14, 2018

Учениците од СОУ „Јане САНДАНСКИ“-Струмица, Димитар Звонимир Митев од IV година и Димитар Џорлев од I година зедоа успешно учество на 5-тата Иранска геометриска олимпијада. Тие се натпреваруваа во конкуренција со врвни и докажани математичари од над 50 земји од целиот свет.

Ученикот Дмитар Звонимир Митев минатата година го направи првото учество на нашата гимназија на овој меѓународен натпревар кога учествуваа околу 1200 натпреварувачи од целиот свет. Тогаш тој се здоби со сертификат и пофалница, највисока награда на македонски ученик во напредното ниво.

Оваа година Димитар Џорлев го оствари своето трето учество на оваа олимпијада на која минатата година освои бронзен медал.Тој беше меѓу најдобрите четири ученици од Македонија во средно ниво на оваа олимпијада.

Учениците во зависност од возраста се натпреваруваа во различни нивоа. Димитар Џорлев во средно ниво, под менторство на професорот Петруш Џорлев, а Дмитар Звонимир Митев во напредно ниво под менторство на професорката Елена Лазарева.

И двајцата добија сертификати и пофалници што е престижен резултат имајќи предвид дека се натпреваруваат на математичка олимпијада од светски размери, учествувајќи во конкуренција со врвни и докажани математичари од 56 земји од светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ