Струмичанецот Пепи Велков обезбеди пласман во големото финале на 31. Светски кикбокс куп во Будимпешта, откако во полуфиналната пресметка го совлада украинскиот натпреварувач Павло Хавришчук.
Велков уште еднаш демонстрираше одлична форма, сигурност и голема борбеност во рингот, запишувајќи нова значајна победа на престижниот меѓународен турнир.
Претходно, струмичкиот кикбоксер го совлада и полскиот натпреварувач Адријан Шпетани, а со победата над Хавришчук сега ќе се бори за златниот медал.
Огромен успех за Пепи Велков, Струмица и македонскиот кикбокс! Напред, Пепи – до златото!





















