ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА!

март 27, 2022

Недела 27.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала, а во текот на денот повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат навистина ПРОЛЕТЕНИ и тоа дневните, додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Понеделник 28.03.2022: Умерено до значително облачно со појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ