ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: И ДЕНЕС БЛОКИРАН ПАТНИОТ ПРАВЕЦ СТРУМИЦА-ПРОСЕНИКОВО!

август 30, 2019

Секој ден освен недела, вработените во Здружението на возачи-Центар за возила во Струмица, го блокираат патниот правец Струмица-Просениково. Причината за нивниот револт и блокирање на патниот правец е поради решението кои тие неодамна го добија од Министерството за внатрешни работи за забрана на вршење регистрација на моторни возила.

„Ќе продолжиме се’ додека надлежните не донесат правилна одлука со овој проблем“ – изјавија тие за портал Струмица Денес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ