Индиската организација за вселенско истражување објави фотографија од леталото кое ќе биде во рамки на мисијата Адитја-Л1, што значи Сонце на санскритски јазик. Новото летало треба да полета кон Сонцето, а веќе е стигнато до лансирната рампа на островот Шрихарикота.
„Лансирањето е закажано за 2 септември во точно 11:50 часот од Сриракота на платформата X“, објавија од вселенската агенција.
Иако многу мисии од други земји веќе ја проучувале нашата најблиска ѕвезда, научниците сè уште се збунети од тоа како надворешниот слој на атмосферата, познат како корона, може да достинге и до 1 милион степени на површината.
Истражувачите малку знаат за тоа што се случува на Сонцето пред да ги испушти соларните блесоци или короналните соларни експлозии и како истите достигнуваат огромни брзини. Научниците се надеваат дека опсерваторијата Aditya-L1 ќе помогне да се откријат некои од овие мистерии.
Опсерваторијата треба да помине околу 1,5 милиони километри од Земјата, од каде што ќе има директен поглед на Сонцето. Од седумте инструменти на бродот, четири се посветени на директно набљудување на сончевата активност. Два уреди се рендгенски спектрометри кои се користат за проучување на сончевите блесоци, а еден е коронаграф кој континуирано ќе го снима Сонцето.
Има и еден кој ќе се користи за мерење на зрачењето. Од преостанатите три уреди, два се користат за проучување на сончевите ветрови, а еден е магнетометар кој го мери магнетното поле, пренесува Nauka.rs. Aditya-L1 чини 45 милиони долари и на неа се работи веќе 15 години. Ако се биде добро, ова ќе биде второ големо лансирање на Индиската вселенска агенција годинава.