strumica denes logo

Во Владиевци започна реконструкција на кошаркарското игралиште – прво од ваков тип во општина Василево!

Автор:

Датум:

јуни 10, 2025

Автор:

Датум:

јуни 10, 2025

Едно од ветувањата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, полека станува реалност. Населбата Владиевци добива целосно реконструирано кошаркарско игралиште, кое ќе стане ново, модерно место за рекреација и спорт на младите генерации.

Во рамки на реконструкцијата, игралиштето ќе добие нова ограда, нови кошеви, а во наредниот период ќе биде поставена и модерна тартан подлога, што ќе го направи ова игралиште прво од ваков тип во целата општина.

„Многу генерации деца, спортисти и натпреварувачи од Владиевци ќе ги создаваат своите најубави спомени токму на ова место,“ изјави градоначалникот Андонов, потенцирајќи дека ова претставува уште еден чекор кон подобрување на квалитетот на живот и условите за спорт и рекреација во руралните средини.

Со оваа инвестиција, Владиевци добива современ спортски простор, а општина Василево продолжува со проектите за унапредување на спортската инфраструктура.

„Го менуваме ликот на општина Василево,“ порача Андонов.