strumica denes logo

Во училиштето „Сандо Масев“ се спроведе хуманитарна акција за донирање на прехранбени продукти

Автор:

Датум:

октомври 17, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 17, 2018

Категории:

Струмица

По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот и Неделата на италијанскиот јазик, основното општинско училиште „Сандо Масев“ спроведе хуманитарна акција насловена „Најсреќен е оној кој успеал да усреќи повеќе луѓе барем за момент“. Во фоајето на училиштето беше поставен штанд за донирање прехрамбени производи со подолг рок на траење (тестенини) за да бидат запазени елементите на двојниот настан. Во хуманитарната акција учествуваа сите ученици од прво до деветто одделение и вработените во училиштето. Собраните продукти ќе се донираат на ученици од училиштето од ранливите категории.