ВО СТРУМИЦА СЕ ОДРЖАА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА ЗА СРЕДНО И ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ!

февруари 17, 2020

Во просториите на ООУ „Маршал Тито“ – Струмица во саботата се одржаа општинските натпревари по биологија за средно образование, како и биологија и природни науки за основно образование. На натпреварите присуствуваа вкупно 118 ученици, од кои 90 ученици беа од основно образование, а 28 ученици од средно образование. Директорот на училиштето, Благица Устапетрова, како и претседателот на општинските натпревари, Нетка Димоска им посакаа успех во натпреварувањето на сите учесници, како и на нивните ментори. Натпреварите поминаа без никаков проблем и инцидент, а тестовите се испратени до Македонското биолошко друштво. Во очекување се резултатите од натпреварот, кои ќе бидат јавно објавени на страната на Македонското биолошко друштво (https://biologija.yolasite.com/).

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ