ВО СТРУМИЦА ПРОДОЛЖУВААТ АКЦИИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД!

март 23, 2019

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со општина Струмица и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. Денешната акција се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.
Бранко Горѓиев, раководител на секторот „Комунална хигиена“ информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии се одвиваше успешно, беа подигнати 1.370 метри кубни отпад и беа расчистени дивите депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.
Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите.
Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“ Зоран Горгиев и денеска повторно упатија АПЕЛ до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ