По успешниот старт, во Струмица ќе се одржи и второто издание на Strumica Park Run, настан кој повторно ќе ги обедини љубителите на трчањето, рекреативците и сите оние кои сакаат активно да го започнат викендот.
Второто заедничко трчање е закажано за сабота, 29 август 2026 година, со почеток во 8:30 часот, во градскиот парк во Струмица. Стартот и целта ќе бидат кај споменикот „Македонија“ (Борис Трајковски).
Предвидена е дистанца од 5 километри, а организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани, без разлика дали станува збор за искусни тркачи, рекреативци или почетници.
Учесниците кои ќе се чувствуваат подготвени ќе имаат можност да продолжат и да истрчаат дополнителни километри. На настанот можат да се приклучат и оние кои ќе дојдат сами, со пријатели, семејството или со својот миленик.
Strumica Park Run има за цел преку дружење и физичка активност да го поттикне здравиот и активен начин на живот, но и да создаде можност граѓаните заеднички да уживаат во градскиот парк.
Струмица во сабота повторно ќе трча – на вториот Strumica Park Run.
Повеќе информации за настанот може да најдете на: https://www.instagram.com/p/DcbVsPuCOBH/?igsi=MW9peWY0MTFrc3AyeQ==





















