strumica denes logo

ВО ПОНЕДЕЛНИК ХУМАНИТАРНА ПРЕТСТАВА „СТЈУАРДЕСИ“ – СРЕДСТВАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ЗА НИНА!

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Во понеделник, на 10 ноември, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, со почеток во 20:00 часот, ќе биде одиграна урнебесната комедија „Стјуардеси“. Овојпат, претставата ќе има хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за малата Нина, во знак на поддршка и солидарност.

Билетите за претставата можат да се набават во „Вторник крафт бар“ на старата чаршија, а резервации се вршат на телефонскиот број 078 202 140.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да ја поддржат оваа убава хуманитарна иницијатива и со присуство да придонесат за собирање на повеќе средства. Хуманоста и театарот повторно се спојуваат во едно, сцена исполнета со смеа, емоции и добрина.