Во основното општинско училиште училиште „Маршал Тито“ од Муртино, се одбележи Светскиот ден на животната средина – 5 јуни под мотото „Здрава средина – здрав живот”, под менторство на наставникот Викторија Атанасова која што е и координатор за екологија, заедно со учениците на училиштето.
-Загадувањето на животната средина зема се поголем замав и тоа е тема која што во последно време е многу актуелна. Секојдневно преку медиумите добиваме информации на таа тема, а и сведоци сме на многу природни катастрофи во последниве години – земјотреси, цунами, изумирање на голем број видови растенија и животни, озонски дупки, промена на климата, а за кои претпоставка е дека се јавуваат како одговор на односот на човекот кон животната средина. Најголем и единствен виновник за ваква еколошка катастрофа која и се случува на животната средина во која живееме е Човекот. Сe во природата, вклучуваќи и го и човекот е во меѓусебна зависност и поврзаност, рече наставничката Атанасова.
Учениците од ова училиште порачаа: Патот кон враќањето на природната рамнотежа е долг, можеби и тежок, затоа што бара менување на нашите секојдневни навики како личности, како семејство, но и како општество. Мораме да запреме, да се промениме, да тргнеме во друга насока, да ги смениме сопствените животи и да го смениме начинот на мислење и дејствување. Заради тоа мора да се делува на будење на свеста кај луѓето уште од најмала возраст за намалување на загадувањето и заштита на животната средина.