Да се биде пилот е предизвик, вели воениот пилот Никола Силигунис, кој веќе 9 години лета со хеликоптери Ми-8 и Ми-17 за потребите на македонската армија. За Алсат раскажува за предизвиците со кои се соочува за време на летовите.
Но, полседниве неколку години, има огромен пад на интересот да се стане пилот. Потполковник Борис Настовски вели дека има недостиг од пилоти и во Македонија но и во целиот регион.
Секој граѓанин кој е во добра психофизичка состојба, сè уште не наполнил 28 години, знае англиски и положил тестови за познавање на компјутер, има можност да започне со обука за да стане пилот. Обуката за пилоти се одвива во центарот за обука во касарната „Страшо Пинџур“ во близина на Аеродром. Обуката трае 18 месеци, поделена на три семестри од по 6 месеци. Првиот семестар е обука со авион ЗЛИН 242, а другите два со хеликоптер Бел 206 е задолжен за обука на кандидатите.
Во овој центар, за кој беа потрошени 43 милиони евра, од 2011 година дипломирале само 27 пилоти. Според неофицијални извори, ниту еден албански пилот не е примен во воената авијација веќе 20 години. Последниот албански пилот беше примен во 2004 година и сега е командант на хеликоптерската единица. Пред пет години, друг Албанец почна да тренира, но беше избркан по 12 месеци.
Од јануари 2023 година, ескадрилата за обука беше интегрирана во центрите за обука на пилоти во Чешка и Италија, како официјален центар на НАТО кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа.