Во 20.35 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги,
од угостителски објект на бул.„Климент Охридски” во Струмица, лишен е од слобода З.Д.(50) од Скопје,
баран по распишана централна потерница и судска наредба на Основен кривичен суд Скопје, осуден на казна затвор за сторено кривично дело „измама”, соопшти МВР.