ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ РЕШЕНИ 194 ПРОБЛЕМИ НА СТРУМИЧАНИ ПРЕКУ ОПШТИНСКИОТ СЕРВИС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ПРОБЛЕМИ „СИСТЕМ 48“

март 13, 2019

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во месеците јануари и февруари биле решени 194 проблеми од вкупно пријавените 218. Останатите 24 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување120, од областа на собирање смет 40, водовод и канализација 38, паркови и зеленило 15, општински инспекциски служби 5. Општинскиот сервис „Систем 48“ нуди брзо и професионално решавање на пријавените проблеми на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ