Во Германија се бележи сè поголем пад на интересот за посета на ресторани, што за голем дел од населението веќе претставува луксуз. Сè повеќе граѓани се откажуваат од ова задоволство поради високите трошоци на живот и намалената куповна моќ.
Како последица на намалената посетеност, многу угостителски објекти се соочуваат со сериозни финансиски потешкотии, а дел од нив се принудени да стават клуч на врата. Само во изминатите месеци бројот на затворени ресторани е во пораст, што дополнително ја продлабочува кризата во секторот.
Според економските аналитичари, доколку трендот продолжи, угостителската индустрија во Германија ќе се соочи со најтешкиот период во последната деценија, а тоа ќе има негативни импликации и врз вработеноста и врз целокупната економија.