strumica denes logo

ВО ДОМОТ НА ЕДНО ЛИЦЕ ОД БАНСКО ПРОНАЈДЕНИ 5880 ПАРЧИЊА РАЗНОВИДНИ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА!

Автор:

Датум:

декември 26, 2023

Автор:

Датум:

декември 26, 2023

Денеска (26.12.2023), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.