ВО ДЕНЕШНИОТ МВР БИЛТЕН НАЈЗАСТАПЕНИ СЕ СТРУМИЧАНИ – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ’ НАПРАВИЛЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА!

јули 16, 2023

На 16.07.2023 во 01:45 часот на место викано „крстосница Чалакли“, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Б.П.(43) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.07.2023 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.А.(27) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот физички ја нападнал А.И.(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2023 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле А.А.(33) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2023 во 12.40 часот во СВР Куманово, З.М.(58) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека во населба Карпош во Куманово бил физички нападнат од Д.Р.(27) од Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ