Во четврток во ДОМ на АРМ во Струмица ќе се одржи четвртата буџетска форумска сесија!

ноември 13, 2019

На ден 14.11.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (голема сала) ќе се одржи четвртата буџетска форумска сесија која се реализира во рамките на Буџетски форум во општина Струмица 2019/2020 година.

На оваа сесија граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со расходите по дел од програмите и да учествуваат во утврдувањето на граѓанските приоритети за Буџетот на општина Струмица за 2020 година.

Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на општинскиот буџет и зголемување на транспаретноста на Општината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ