На ден 29.08.2019 (четврток) од 08:30 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира граѓанска крводарителска акција.
Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат и да ја покажат својата хуманост.
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.