ВО БУГАРИЈА БРЕНДОТ „СТРУМИЦА – ЅВЕЗДА ПОД НЕБОТО“ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ТУРИСТИЧКИ БРЕНД!

февруари 15, 2020

На меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” во Софија, Р. Бугарија, брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд со интегриран туристички производ, кој претставува спој на највпечатливите белези на Струмица.
Во името на Градоначалникот на Општина Струмица, наградата ја прими Ѓоко Ристовски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови. Брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“ беше создаден во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ