Реакција на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица
Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица ја следи загрижувачката состојба со снабдувањето со вода за пиење на жителите од Куклиш и бара Општина Струмица и ЈПКД Комуналец Струмица веднаш и сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем.
Објавата за рестрикција на вода од страна на ЈПКД Комуналец е дадена уште на 21 ноември и жителите на Куклиш тогаш имаа разбирање за потребите заради решавање на проблемот.
Според одредени информкации се работи за поправка на одредена пумпа за водата. Но, реалноста е дека дури по еден изминат месец жителите на Куклиш се уште немат редовна вода за пиење.
Иронија е да се има пари за скап инвентар во центарот на градот и за украсување на дел од Струмица, ама да нема средства за решавање на вакви горливи проблеми на граѓаните, што покажува дека средствата треба да се насочуват наменски и навремено.
Најголемите населени места како Куклиш, Банско имат подолго време проблеми со водата за пиење додека од Општина Струмица и Градоначалникот Костадин Костадинов се најавуват разни градежни офанзиви и се реализират непотребни фото сесии.
Бараме Градоначалникот Костадинов и директорот на ЈПКД Комуналец да објаснат до каде е состојбата со решавањето на проблемот и кога конечно Куклиш ќе добие вода за пиење и домаќинство.