ВМРО-ДПМНЕ СО ТРИБИНА НА ПЛОШТАДОТ: ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ УТРЕ ДОАЃА ВО СТРУМИЦА!

мај 21, 2023

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ најавија дека понеделник на 22 мај ќе се оддржи трибина на струмичкиот плоштад.

,,Во рамките на ,,Ова е Македонија за сите” ВМРО- ДПМНЕ на 22 мај во Струмица ќе одржи Трибина на тема ,,Политики за рестартирање на распаднатиот здравствен систем”.

Трибината ќе се одржи на Плоштадот Гоце Делчев.

Воведниот дел на трибината започнува во 17:15 часот на кој ќе се обратат претседателот на општинскиот комитет во Струмица, Жан Дрвошанов заедно со градоначалниците Славе Андонов – општина Василево, Ристо Манчев општина Босилово, Ѓорѓи Божинов општина Ново Село.

На трибината со почеток во 18:00 часот обраќања ќе имаат свое обраќање ќе има пратеничката др. Јадранка Поцкова, координаторот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ др.Никола Маџунков, др. Петар Марков од Ново Село како и лекарите: вонреден професор Д-р. Игор Николов, доцент Д-р Ристо Симеонов, професор Д-р. Синиша Стојаноски, доцент Д-р. Ирена Алексиоска Папестиев.

На трибината ќе се обрати и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: