strumica denes logo

ВЉУБЕНИЦИТЕ ВО КАРНЕВАЛОТ УЖИВАА НА ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОКТЕЛ СИНОЌА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Синоќа во Струмица се одржа уште едно прекрасно карневалско дружење – Василичарскиот коктел, настан кој помина во знакот на позитивната енергија, веселиот дух и искрената љубов кон забавата и Струмичкиот карневал. Како вистински вљубеници во карневалот, присутните уживаа во вечер исполнета со традиција, насмевки и карневалска магија.

Настанот претставуваше вистинска дружба за позитивци кои знаат да ја препознаат убавината на ваквите моменти и да уживаат во заедништвото што го носи карневалската атмосфера. Во духот на Василица, не изостана ниту традиционалното кршење на паричката, а среќата овојпат се насмевна на карневалската група „Мулен Руж“.

Членовите на „Мулен Руж“ и оваа година повторно се истакнаа со интересни, креативни и впечатливи маски, уште еднаш потврдувајќи го својот препознатлив карневалски стил и посветеност кон оваа манифестација.

За настанот да биде целосен и на високо ниво, се погрижи Ресторан „Шалом“, кој воедно беше и спонзор на Василичарскиот коктел. Посебна благодарност беше упатена и до Александар Ичев, кој со спонзорска поддршка го обезбеди подарокот за среќниот добитник на паричката.

Вечерта доби дополнителна топлина и енергија благодарение на Гала Бенд, кој со одличната музика и прекрасната атмосфера придонесе дружењето да остане во долго сеќавање.

Струмичкиот карневал продолжува да живее и да обединува – со срце, традиција и заедништво.

Целосната фотогалерија може да ја погледнете со кликнување на следниот линк: https://www.facebook.com/strumicadenes/posts/pfbid02jEjjN8Aat5aK9XLB45Ee7gHfBWLKahoR1jhwH9uXJ7JM4GmyZ7yr3kMWkyJtxR8xl

  • Banner