ВЛАДИМИР РИСТОВ: Поднесовме 18 амандмани за 46 проекти, барањата на граѓаните за асфалтирање и реконструкција на улици, тротоари и улично осветлување се дел од нив!

декември 28, 2022

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Денеска поднесовме 18 амандмани, за 46 проекти кои сметаме дека треба и може да бидат дел од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

Барањата на граѓаните за асфалтирање и реконструкција на улици, тротоари, улично осветлување се дел од нашите амандани, а не беа предвидени од страна на градоначалникот.

Поднесовме амандамани за завршување на канализацијата во Дабиле, Банско и Вељуса, а исто така од Градоначалникот побаравме да се реши изградбата на канализацијата во Сачево и Градско Балдовци. Поднесовме и амандам за покривање на канавките во Муртино.

Во програмата за заштита на животната средина и природата, поднесовме амандман за субвенции за прикличок кон мрежата на гас, како алтернатива за малиот број приклучоци и неекономичното работење на претпријатието. Исто така побаравме да се работи на пошумување на градот и населените места, селекција на отпад, субвенционирање на паркови пред стамбените згради, енергетско ефикасни фасади и штедливи чешми, како и решавање на проблемот за греење во основното училиште ,,Даме Груев” – Костурино.

Во делот на културата побаравме отварање на современа читална во склоп на библиотека ,,Благој Јанков Мучето”, како и буџет за отварање на кино сала со јавно приватно партнерство. Минатата седница беа одбиени нашите развојни програми за набавка за мобилни амбуланти за населените места, набавка на противпожарно возило, опремување со подземните контењери, повеќе паркинг места, програмата за развој на туризмот.

Средства за буџетот за нашите амандмани може да се најдат во буџетот за 2023. Но Градоначалникот на Општина Струмица попрво одвојува средства за привремени вработувања во преполната администрацијата, договорни услуги, разни трансфери, непотребни одржувања и непродуктивни кредити.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ