ВЛАДИМИР РИСТОВ: Општина Струмица со ниско ниво буџетска и даночна транспарентност!

октомври 29, 2022

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Втор извештај од релевантно истражување, од кога Костадинов е градоначалник кое општина Струмица ја рангира како недоволно транспарентна.

Сите околни општина Босилово, Ново Село и Василево се пред општина Струмица на листата на даночна транспарентност кај општините спроведена од истражувањето на УСАИД преку проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Општина Струмица во однос на Индексот на буџетска транспарентност за периодот 2021/22 постигна просечен коефициент, далеку од општините кои важат за најтранспарентни.

Во однос на интензитетот на даночната транспарентност општина Струмица спаѓа во групата на среден степен со 50% – даночна транспаретност што не е задоволителен степен за урбана општина од калибарот на Струмица.

Во однос на транспарентноста општина Струмица е меѓу ретките општини на која нема известување за граѓаните да присуствуваат на седница на Советот на општината, а ниту еден жител на Струмица не бил присутен на седницата на советот.

Како опозиција пред секој ребаланс на буџетот реагираме дека на Советот не му се остава доволно време да го разгледа ребалансот со што советниците и граѓaните ќе учествуваат со свои предлози.

Како опозицијата бараме детални буџети од сите претпријатија кој општина е должна да ги објавува за да го зголеми степенот на транспарентност.

Преку нашите членови во управните и надзорните одбори побаравме и надворешна ревизија во комуналното претпријатие која не е извршена, a e еден од условите во истражувањето за буџетска и даночна транспарентност кај општините.

Според истражувањето општина Струмица нема доставено Стратегија за управување со ризици која треба да ги опфати и ризиците поврзани со прибирањето на локалните даноци.

Недостатокот или половичните информации за трошењето на јавните средства од страна на општината е „кочница” за постоење на отчетност во едно демократско општество. Ниската свест од потребата за поголема транспарентност на трошењето на јавните средства допринесува до неефикасна алокација на средствата што не се во интерес на граѓаните.

Ова е втор извештај оваа година во која општина Струмица е општина која треба уште многу да работи на транспарентноста.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: