ВЛАДИМИР РИСТОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Поднесовме иницијатива за санација на дупките во Струмица – Единствен начин општината да реагира е граѓаните гласно да зборуваат!

јуни 13, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

🚧За Струмица без дупки на улиците.

Иницијатива за санација на дупките во Струмица

Струмица треба да биде модерен град со средени улици и тротоари. Некако стана навика Општина Струмица да биде неажурна за овој проблем на струмичани кој ги мачи со години.

Речиси и да нема улица каде нема ,,дупка” или шахти длабоки како ,,бунари”. Се почесто реагираат граѓаните и медиумите за овие состојби во градот.

Согледувајќи ги состојбите во градот и слушајќи ги барањата на граѓаните поднесовме иницијатива до Општината за санација на улици во Струмица.

Граѓаните гласно да ги кажуваат своите проблеми бидејќи праксата покажува дека ова е единствен начин општината да реагира.

Ги повикувам во коментар да ги допишат улиците кои треба да бидат дел од оваа иницијатива👇

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ