strumica denes logo

Владимир Ристов – најактивен советник во Струмица со 102 активности за една година!

Автор:

Датум:

мај 6, 2025

Автор:

Датум:

мај 6, 2025

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов, е најактивниот член на Советот на општина Струмица за периодот од ноември 2023 до 15 ноември 2024 година, покажува мониторингот на здружението „Домино Центар за Едукација и Мобилност“. Според анализата која се темели на записниците од седниците, Ристов остварил вкупно 102 активности, вклучувајќи говори, прашања, реплики и учество со извештаи од комисиите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Истражувањето е дел од проектот „Анализа на работата на општинските совети во југоисточен регион“, кој има за цел да даде јасна слика за ефикасноста и транспарентноста на советничката работа, како и нивната посветеност во процесите на донесување одлуки.

Од вкупно 23 советници во Советот на општина Струмица, Ристов од ВМРО-ДПМКЕ е прв по број на активности. По него следува советникот од независната советничка група „Стига е“ со 81 активност, а на третото место е советничката од СДСМ, Наташа Шапковска, со 66 активности. Според бројот на одржани говори и поставени прашања, Ристов е повторно прв со 79, заедно со советникот од „Стига е“, кој има ист број, додека советниците Никола Маџунков (58) и Тања Дедејска (46), исто така од ВМРО-ДПМНЕ, го заокружуваат врвот на листата.

Најмногу извештаи за работата на комисиите имаатсоветниците од СДСМ, Наташа Шапковска 66 која е претседателка на комисијата за финансирање, буџет илокален економски развој, Ване Крстев 57 кој епретседател на комисија за урбанизам, комуналнидејности, заштита на животната средина и природата иЕлена Маѓеровска Паликарова 27 која е претседател накомисијата за мандатни прашања, избори и именувања

Советот на општина Струмица во наведениот период одржал 14 седници, со вкупно 30 часа и 20 минути на видео-материјалите достапни на YouTube. Градоначалникот Костадин Костадинов присуствувал на 12 од тие 14 седници.