strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: „Комуналец“ за три месеци во загуба од 16 милиони денари, во загуба и Струмица Гас!

Автор:

Датум:

јули 12, 2023

Автор:

Датум:

јули 12, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

На 25 седницата на советот не беа дозволени советнички прашања за градоначалникот и одложени за септември, со што уште еднаш се нарушаваат демократски права на советниците но и граѓаните кои ги претставуваат.

Претпријатијата во Општина Струмица работат со загуби. Струмица гас со загуба од 700.000 денари, претпријатие од кое струмичани не гледаат никаков бенефит поради погрешните стратегии.

Кога годишниот извештај на ЈПКД ,,Комуналец” беше на дневен ред на почетокот на годината, изразив загриженост за финасиската состојба во претпријатието и предупредив дека добивката е фиктивна и нереална, а оптисот на долгот од 80 милиони денари од Водостопанство, наместо заштеда, значеше потрошени 80 милиони денари повеќе. Оваа година за само три месеци струмички комуналец, општинско претпријатието со најголем број вработени во државата, бележи загуба од 16 милиони денари.
Дел од загубата поради лошото планирање, а дел поради трошоци како сервисирање возила, резерни делови, разни одржување, дополнително анагажирање работници, други останати трошоци, трошоци за реклама, патувања и други трошоци.

Загубата неможе да ја покрие ниту општината, која наместо да инвестира во паметни чешми и инсталации за техничка вода, што беше предлог амандман на нашата советничка група, од буџетот на општината, овој советнички состав досега за Комуналец одвои 50 милиони денари за потрошена вода за градските чешми и наводнување на површини.

Граѓаните се жалат и за непревземени мерки за камионите на Комуналец кои прокапуваат низ градот, а во исто време се трошат многу финасии за сервисирање. Чистењето на каналот Крушевска Република од тревната вегетација е проблем со кој претпријатието не се снаоѓа.