Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
ГУП скроен за семејни бизнис интереси, наместо за подобар живот на граѓаните
На отварањето на новиот ГУП, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата укажавме на забелешки во однос на планирањето од страна на општината:
1. Новиот ГУП предвидува голем број блокови за станбени згради. Многу места во Струмица ќе бидат градилиште наредните 10тина година, по примерот на населбата Карпош. На сметка на станбените згради се намелени блоковите за домување во куќи. Со пописот бројот на жители во Струмица е намален, а според наративот во актуелниот ГУП бројот на стамбени единици е преголем.
2. За да се исполни квотата за зеленило по глава на жител зеленилото е предвидено околу градски гробишта и со тоа градоначлникот се пофали дека е зголем бројот на зеленило.
3. Со новиот ГУП апелиравме да се внимава на фекалната и атмосферската канализација која тешко функционираат и со моменталниот број изградени објекти.
4. Собраќаен хаос по примерот на новата населба во Карпош, со тесни улици, ќе имаме на уште 10 места каде се планирани станбени згради.
5. Можно е да се загрози протокот на воздух со планираните стамбени блокови.
Ги повикувам граѓаните активно да ги следат јавните анкети по однос на ГУП, посебно граѓаните во населбата Софилар, и заедно да реагираме на донесувањето на новиот ГУП.