ВЛАДИМИР РИСТОВ: Голем број од програми што поминаа на совет се нереализирани во општина Струмица!

ноември 27, 2022

Владмир Ристов, советник во советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ:

На 16 седница на советот на општина Струмица, го потсетив градоначалникот Костадинов за изгласаните развојни програми од минатата година кои советот ги одобри. Голем број од програми што поминаа на совет се нереалзирани или со слаба реализиција.

❌️Булевар Братство и Единство – нереализиран (во фаза на изградба на мост)
❌️улица 23 Октомври – нереализирана (повлечена од програмите за развој)
❌️Булевар Климент Охридски – нереализирана (повлечена од програмите за развој)
❌Нов градски пазар – нереализиран
❌Канал Крушевска Република – стопирана и целиот канал нема да се покрива
❌Парк АТШ Берово – нереализирана
❌Нова урбана опрема – нереализирано
❌Кино сала –нереализирано
❌Музеј на карневалот – нереализирано
❌Набавка на противпожарно возило – нереалзирано
❌Гасоводна мрежа со слаба реализација од 1%
❌Младински културен центар – нереализиран, започнат во подрумски простории и бавна реализација
❌Дом на култура во Куклиш – до 1 декември требаше да биде завршена првата фаза – нереализиран

Овие не се само изборни ветувања, оваа се развојни програми гласани на совет кој требаше да се рeaлизираат или да започната со реализација минатата година. Затоа граѓаните на форумите во месните заедници се бесни бидејќи се чувствуваат излажани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ