Home

Perdormire
Политика Струмица

Владимир Путин постави услови на Киев за прекин на воените операции!

Home

Москва е подготвена да преговара за условите на прекин на огнот со Киев, изјави секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков, рускиот претседател Владимир Путин изразил подготвеност да се вклучи во разговорите со својот украински колега, со акцент на добивање гаранции за неутрален статус и ветување дека нема да има оружје на својата територија.

Со ова би се постигнало демилитаризација на Украина и елиминирање на тоа што Русија го смета за закана за безбедност на државата и народот.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што може да го очекуваме од Украина за да ги решиме проблемите на така наречената „црвена линија“, тоа е неутрален статус и тоа е одбивање распоредување на оружје“, појасни Песков.

Тој додаде дека Путин ќе одреди време за преговорите, но даде гаранции дека Русија ќе се ангажира само ако водството на Украина е подготвено да разговара за тоа.

„Русија немаше друг начин“да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја.

„Тоа што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку“, рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија.

Путин рече дека создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста.

Тој рече дека Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем или да биде исклучена од него. Неговата инвазија на Украина ги шокира пазарите и ја изложи Русија на разорни санкции од Западот.

– Русија продолжува да учествува во светската економија, ние не се подготвуваме да и нанесеме штета, им рече Путин на претставниците на рускиот бизнис собрани во Кремљ. Ми се чини дека нашите партнери треба да го сфатат тоа и да не си поставуваат цел да не исфрлат од системот, рече тој.

Тој додаде дека Русија е „подготвена“ за воведување нови санкции против нејзината економија, повикувајќи ги претприемачите да бидат „солидарни“ со руската Влада.