Владата се фали инфлацијата паѓа, граѓаните се жалат „никој не го чуствува тоа“

август 11, 2023

Инфлацијата јули падна на 8,4%, ама во пракса граѓаните тоа никако да го почувствуваат. Иако власта се фали дека се работело на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на годинава, граѓаните се жалат дека едвај крпат крај со крај, и им порачуваат на властите да се спуштат на земја, зашто животниот стандард станувал се полош, а живеачаката се потешка. Поркај храната, поскапело буквално се, струјата, горивото, потоа кафето во кафетерија, па дури и паркинг услугите. Годинава луксуз стана и да се оди на одмор, поскапени се дури и аранжманите со приватни сместувања.

  • Прескапо е. Како да кажам дека добро живееме, кога не можеме да го истуркаме месецот. Мислам дека мора да има некои моерки кои ќе ги почувствуваме, а не само да си кажуваат што си знаат, а ние пак евај да крпиме крај со крај, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа, откако статистика на хартија ја намали инфлацијата.

И додека граѓаните се жалат на виски цени, вицепремиерот за економски прашања се пофали дека инфлацијата во јули се намалила на 8,4%, а Владата посветувала големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима. Иако инфлацијата благо се намалила тоа на граѓаните не им значи ништо.

  • Овие бројки се во согласност и со Владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9%.Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима, каде компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот. Растот на просечната плата очекувам и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки, и секако да биде значително над растот на трошоците на живот, што во превод би значело и реален раст на куповната моќ на нашите сограѓани“, смета Битиќи во својот објавен пост.

Според послените податоци, трошоците на живот за минатиот месец се зголемени за 1% во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6%. Пораст на трошоците на животот има и кај овошјето и тоа за 12,6%, лебот поскапел за 3,8%, сирењето за 1,8%, а млекото за 0,9%.

Паралелно, во Собранието се турка повисокото ДДВ за дел од прехрамбените производи. Наместо 5%, ќе порасне на 10%. Станува збор за наполитанките, пармезанот, гумените бомбони, брашното од соја, тропското овошје.

Инаку, периодов цените буквално експлодираа, а инфлацијата рушеше рекорди. Во октомрви лани таа достигна до близу 20%. Од почетокот на годинава благо се намалуваше и конечно во јуни, инфлацијата стана едноцифрена од 9,3%. Иако сега е намалена, сепак за граѓаните и стопанството следи тежок период.

ИЗВОР: АЛФА ТВ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ