strumica denes logo

ВЛАДАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА – МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО СТАРМЕР!

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

Обединетото Кралство и Република Македонија официјално воспоставија стратешко партнерство, а британскиот премиер Киер Стармер ја поздрави оваа одлука на средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, која се одржа на 16 мај 2025 година, во рамките на самитот на Европската политичка заедница.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Соговорниците се согласија дека новото стратешко партнерство претставува значаен чекор во продлабочувањето на односите меѓу двете земји, со посебен фокус на економскиот развој, трговијата, одбраната и безбедноста. Премиерот Стармер нагласи дека станува збор за природно продолжување на пријателските односи кои континуирано се унапредуваат.

Дополнително, на средбата се разговараше и за неодамнешното приклучување на Македонија кон Заедничката работна група за миграции, чија цел е спречување на нерегуларната миграција низ Балканот и сузбивање на криминалните групи кои ја олеснуваат таа миграција.

Двајцата премиери го поздравија зголемениот ангажман на Обединетото Кралство во регионот на Западен Балкан и изразија надеж дека пријателството меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува. Воедно, најавија и следна средба во блиска иднина, посебно во контекст на претстојниот самит за Западен Балкан кој ќе се одржи во октомври.