Владата го продолжи ограничувањето на трговската маржа до 30 јуни

април 26, 2023

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:

•        за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и

•        за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Имајки во предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, којашто треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените сѐ уште не се стабилизирани, според Образложението од предлагачот, Министерството за економија, има потреба од продолжување на примената на вака утврдените највиски трговски маржии во следните два месеца од оваа година, односно до 30 јуни 2023 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ