strumica denes logo

ВИСТИНСКОТО ЛЕТО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Следната седмица температури до 36 степени!

Автор:

Датум:

јуни 1, 2025

Автор:

Датум:

јуни 1, 2025

По долго очекување, конечно лубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, нашата Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Инаку за време на овој период времето ќе биде многу постабилно и претежно суво со многу повеќе сонце. Сепак, повремено и локално можна е сосема мала дестабилизација на атмосферата со услови за сосема краткотраен локален дожд.