strumica denes logo

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!

Автор:

Датум:

ноември 4, 2022

Автор:

Датум:

ноември 4, 2022

Времето денес (петок) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено со засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 7 до 21 степен.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела ќе опадне за околу 10 степени.