ВИКЕНД НА ТЕПАЧКИ: Најмногу случаи во Струмица!

јуни 19, 2023

Во 03.40 часот во Полициска станица Струмица В.Т.(22) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Струмица во 15.00 часот во Полициската станица Струмица Б.Ц.(62) од с.Градашорци пријавил дека на 16.06.2023 околу 17.30 часот во с.Василево бил физички нападнат од едно лице од с.Василево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А истиот ден во 18.00 часот во Полициска станица Струмица Д.И.(52) од с.Василево пријавил дека околу 16.30 часот пред продавница во с.Василево по претходна расправија бил физички нападнат од Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Уште еден физички напад во Струмица вчера во 21.30 часот во Полициска станица Струмица пријавил Ш.У.(45) од с.Банско затоа што околу 20.00 часот во с.Василево бил физички нападнат од М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ