strumica denes logo

ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП СТОБИСКИ Г.ЈАКОВ СЕ СРЕТНА СО ДЕЛ ОД КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ ЗА ИЕ 4 ОД ВМРО-ДПМНЕ!

Автор:

Датум:

април 5, 2024

Автор:

Датум:

април 5, 2024

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков попладнево се сретна со дел од кандидатите за пратеници за ИЕ 4 од ВМРО ДПМНЕ, предводени од ко-носителот на листата, Антонио Милошоски, Ели Панова, д-р Петар Марков, д-р Јадранка Поцкова и Жан Дрвошанов, како и координаторот на советничката група д-р Никола Маџунков и советникот Владимир Ристов.

На средбата, Владиката, давајќи им благослов, меѓу другото рече: „Благословот Божји и љубовта Негова се упатени до секој човек, но до некои луѓе, групи и организации едноставно не можат да допрат заради тоа што самите тие својата слободна волја ја ставиле во служба или уште пострашно ја продале за богатства трулежни на непријателот Божји, на кнезот на овој свет и неговите помошници. Слободната волја на човекот и одбирањето на широкиот пат кој што води во спротивна насока од оној на Црквата се како мрачни облаци низ кои не може да продре благословот и благодатта Негова во нашиот живот без оглед на тоа колку и да го посакува Бог тоа. Затоа мораме со непоколебливост на нашата вера и со сите сили на душата, а пред сѐ со волјата да останеме во Црквата Негова и ништо да не претпочитаме пред Христос и водата на животот вечен која што извира од Неговото Евангелие.

Само така, во секој миг ќе знаеме кој е нашиот Господар и ние чии слуги сме, не виткајќи ги вратовите и кичмите пред моќниците на овој свет и нивните кутри и мали ,,богови” што уште пред создавањето на човекот го направија својот избор да бидат вечни противници на Живиот Бог. Мојата лична молитва и соборната на Црквата е секој да дојде до познание на единствената Вистина-Христос и да се спаси. Црквата ќе ја чува по секоја цена својата Вистина која ослободува, наспроти многуте современи, неолиберални ,,вистини” кои покоруваат…”