Струмичанецот Живко Динев знае често да ја развесели својата публика со свои авторски и преработени песни. Како што вели Жика за портал Струмица Денес, „Не можам да издржам а пред празници да не ве развеселам со некое убаво парче музика за душа“. Овојпат станува збор за уште една преработка на народната песна насловена „Лудо младо“ чиј аранжман на новата верзија е на Никола Автовски, текстот е на Ѓорѓи Калајџиев. Динев најави видео спот наскоро за оваа убава македонска песна. Очекувајте ја наскоро и на Струмица Денес. Честитки!