(ВИДЕО) ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ НА ВУЧИЌ: ПОСЛЕДЕН ПАТ ПОВИКУВАМ НА МИР – АКО АЛБАНСКИОТ ОКУПАТОР ПУКНЕ НА СРПСКИОТ НАРОД, ЌЕ БИДЕ ПОИНАКУ!

мај 29, 2023

Се што се случува во Косово е во организација на Албин Курти, со желба да дојде до голем конфликт меѓу Србите и НАТО, а тој да каже дека тоа нема никаква врска со него, рече денеска на прес-конференција српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Јас разговарав и со Американците и со Германците и со ЕУ. Србите на северот на Косово и Метоија утрово во 7 часот се собраа пред опптините да искажат незадоволство од упадот на градоначалниците, КФОР ги чекаше пред општините, градоначалниците на Курти отидоа на состанок кај американскиот амбасадор Ховениер. Не требаше да се дозволи влез на градоначалниците во општинските згради, наместо сега да ги бранат од Србите.

Најмногу Срби има пред општината Звечан, од каде полицијата и КФОР ги бркаат насилно со солзавци.

Србите предлоија градоначалниците да си одат, КФОР да остане, а специјалците на Курти да си одат, на Србите не им пречеше КФОР. Командантот рекол дека барањата на Србите ќе ги пренесе на командантите, но со услов да се пропуштат возилата на РОСА.

Претставниците на српската листа беа тепани, еден е потешко повреден и е во болница, полицијата сакала да ги тепа претставниицте на српската листа, Србите ги бранат и ги маваат со солзавец и шок-бомби.

Припадник на РОСА, не на КФОР, со калашников пукал во Србите и погодува еден човек во пределот на стомакот и карлицата. Србите се бранеле со камења.

На повеќе места се снимани снајпери, повредени се вкупно 52 Срби кои побарале помош во болницата, три се потешко повредени, има повеќе повредени но не побарале помош во болница.

Вкушно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети, се надеваме дека ниту еден не е животно загрозен. За ова е одговорен само Албин Курти.

Јас разговарав со претставниците на Квинта и ЕУ, ги повикувам Србите да не влегуваат во конфликт со НАТО, не затоа што сме уплашени, туку затоа што тоа е она што Курти најмногу го сака. Повикувам на мирни протести, последен пат повторувам и ја молам меѓународната заедница да го вразуми Албин Курти. Ако албанскиот окупатор пукне на српскиот народ, ќе биде многу поинаки.

Ние ќе се трудиме да го зачуваме мирот, посочи Вучиќ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ