(ВИДЕО) Владо’Јо и Томи светскиот треп стил со „Гори“ го носат во Струмица!

ноември 21, 2019

Во последните неколку години треп стилот на музиката насекаде низ светот зема голем замав. Струмица конечно може да го слушне и тој стил кај нас благодарение на струмичките талентирани артисти Владо’Јо и Томи кој со сета пареа работат на остварување на својот сон. „Гори“ е насловот на нивната нова песна која доби и видео запис. Текстот го имаат пишувано двајцата, додека музиката е на Владо’Јо. Песната е објавена само 12 часа а веќе наидува на доста позитивни реакции и коментари од помладата генерација. Тимот на Струмица Денес им посакува многу успех во иднина. Во продолжение погледнете го нивниот нов видео запис:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ