Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Денеска во Куклиш од неколку минутен дожд се поплавија неколку улици. Најкритична е улицата од Венка Мечева до Триводалиеви. Улицата се поплавува по секој помал дожд.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата неколку пати поднесува амандмани за асфалтирање на оваа улица и навилација за атмосферските води.
Амандманот неколку пати беше одбиван од страна на градоначалникот Костадинов, за по многу години да влезе во програмата и треба да очекуваме реализација оваа година.
Од неажурноста на градоначалникот и општината страдаат жителите на Куклиш.
Упатувам апел што побрзо да се работи на санирање на овој проблем, кој е потреба на жителите на Куклиш.
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ: https://www.facebook.com/vladimir.ristov.mk/videos/586810823437677