(ВИДЕО) СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТЕ ТАНТУШЕВ ГО СЛЕДИ СВЕТСКИОТ СТИЛ – НЕГОВАТА ПРВА АВТОРСКА ПЕСНА Е НАСЛОВЕНА „ТЕМНИНА“

февруари 24, 2020

Мите Тантушев од Радово кој има само 15 години, неодамна на јутјуб каналот 07 Label ја објави својата прва авторска песна насловена „Темнина“. Мите е деветто одделение во училиштето „Св.Кирил и Методиј“ во Турново и свири на гитара повеќе од 5 години. Тантушев исто така работи и на пишување на повеќе песни, а самиот тој е и основач на 07 Label, која во моментот се состои од еден артист и дизајнер.

„Се трудам да донесам нов стил на музика во нашата земја, веќе го донесоа постарите од нас до некој степен и го скршија мразот но не е сеуште до тој степен целосно да заживее овде. Во иднина ќе објавувам не само мои песни туку и кавери на песни од други артисти.“ – вели Мите во изјава за портал Струмица Денес.

Му посакуваме многу успеси во иднина. Песната може да ја слушнете веднаш под овој текст.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ